Промени тема
Контакт

Само две недели по вселувањето во студентскиот дом „Стив Наумов“, затнат тоалет поради фрлени влажни марамици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Скопје
media-library5hf4ldspbvqhdpF3pDD

Министерката за образование и наука Весна Јаневска апелира до студентите да покажат поголема одговорност и да ги чуваат условите во реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“, откако вчера дошло до запушување на тоалет поради фрлени влажни марамици.

— реклама —

Како што посочува Јаневска, проблемот се случил само две недели откако студентите се вселиле во домот. Поради фрлањето влажни марамици во тоалетната школка дошло до проблем со канализацијата.

— реклама —

По интервенцијата на ЈП „Водовод и канализација“, проблемот бил отстранет, а просториите биле исчистени. Јаневска потсетува дека неразградливите материјали не треба да се фрлаат во тоалетните школки бидејќи можат да предизвикаат сериозни проблеми со канализацијата.

Таа нагласува дека реконструираниот студентски дом претставува капитална инвестиција во која биле вложени значителни труд, време и средства и дека условите што се обезбедени треба да се зачуваат за студентите кои престојуваат во домот денес, но и за идните генерации.

— реклама —

„Апел и одговорност – ова повеќе да не се случува. Обезбедивме најсовремени услови за престој на студентите во студентскиот дом „Стив Наумов“. Но, за тие услови да останат такви, неопходна е одговорност, совесност и грижа од сите што го користат домот“, порача Јаневска.

— реклама —

Таа ги повика студентите одговорно да се однесуваат кон домот и заедничките простории, да ги чуваат јавните добра и со своето однесување да придонесат истите услови да им бидат оставени и на идните генерации студенти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања