Селото Вељуса годинава го започна новото училишно полугодие со само едно прваче. Во ООУ „Сандо Масев“ првиот училишен час му припадна на единствениот првоодделенец, кој беше пречекан од наставниците, родителите и градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков.
За најмладиот ученик, првиот училишен ден донесе нова средина, нови обврски, но и можност за стекнување знаења и нови пријателства. Наставниците и присутните му посакаа успешен почеток и убави училишни денови.
„Секоја промена носи емоции, особено кога станува збор за нашите деца. Најважно е тие да имаат добри услови за образование, да учат, да се развиваат и да имаат можност да бидат дел од средина во која ќе стекнуваат нови знаења и другарства. Како Општина, наша обврска е да обезбедиме поддршка и еднакви можности за секое дете, без разлика каде живее“, истакна Јанков.