Mинистерот за здравство, Венко Филипче, при денешната посета на гостиварската болница каде е пуштен во употреба модуларниот ковид-центар, на прашањето за вакцините рече дека се пролонгираше малку, но не сакаше да шпекулирам, кога точно кога ќе се знае кога ќе пристигнат кинеските и руските вакцини.
„Очекувам навистина сите овие разговори да завршат за што пократко време. Секојдневно има нови прашања од компаниите, тоа важи за сите компании. Од ‘Фајзер’ за којшто го очекуваме драфт-договорот. Со руската компанија интензивно разговараме сега овие денови после потишувањето на договорот и секако разговори имаме и со кинеската“, рече Филипче.
На новинарско прашање што со оние граѓани што не сакаат да се вакцинираат, Филипче потенцира дека со интензивна комуникација преку матичните лекари, преку кампањата која што следи треба да се подигне свеста. Тој најави дека не е исклучена можноста за нови рестрикции, но засега нема да има.
фото: Архива