Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Само со антизападните Груби и Ковачевски, Кинези може да вршат надзор на работата на Американци, какви се криминалните врски на владата, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Slika-1

Шаонин Жу, потпретседател на бордот на директори на Ептиса, Чао Ванг финансиски шеф на Ептиса и Јиран Меи менаџер на Ептиса се раководниот кадар на спорната компанија за која владата иако велеше дека е криминална ја одбра за надзор на проект вреден скоро 2 милијарди евра. Тие велеа дека компанијата е Шпанска, а всушнопст самита компанија кажува дека е од Кина, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Дали овие Кинези личат на Шпанци кои ја раководат Ептиса која Груби и Ковачевски ја одбраа? Ова е единствен случај во светот каде Кинеска компанија ќе контролира американски гигант, за какви криминални врски станува збор со владата на Груби и Ковачевски?

— реклама —

Артан Груби нервозно се вади од скандалот со изборот на компанија која ќе врши надзор на изградбата на коридорите и така уште повеќе се заглавува во живата песок. Имено компанијата ЕПТИСА која Груби и Ковачевски ја избрале на тендер како дел од конзорциум со уште поскандалозни македонски компании, е всушност КИНЕСКА компанија. Груби и Ковачевски се единствениот тандем во светот кој што избрале кинеска компанија да врши надзор на американска компанија.

— реклама —

Толку од прозападната ориентација на Груби и Ковачевски. Поисточно од кинеска компанија и поисточен капитал не можеле да одберат.

Да потсетиме дека компанијата ЕПТИСА, истата оваа влада на ДУИ и СДС во 2020 ја прогласила со одлука како неетичка и компанија која ги прекршува законите и како таква не и дале препорака за понатамошна соработка.

— реклама —

Исто така дел од конзорциумот се и две компании од Македонија кои се скандалозни сами по себе. Едната, Електра Солишн, исто така дел од Конзорциумот е фирма на синот на Сотир Ампов, кој преку Институт за патишта Велес беше дел од Конзорциумот ИГХ кој првично го добил тендерот, а е поништен поради сомнежи за руско потекло на нивниот капитал. Сега фирмата на синот на Ампов, кој бил вмешан во руска шема е дел од новиот Конзорциум за надзор. Втората, Евро Консалтинг, фирма на Бранимир Димитријевиќ, кој во Ерменија е гонет за коруптивни скандали.

— реклама —

Се на куп како во филм, вмешаност на руски капитал, корупција во Ерменија, кинеска компанија и Артан Груби и главна споредна улога за Ковачевски.

Јавното обвинителство не смее да молчи и да замижува пред ваков скандал. Овде не да мириса, овде смрди на корупција“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања