Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Само со Ковачевски и Груби, како секретар на училиште стана член на експертската комисија за уставни измени, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
grubi-kovacevski

Само со Ковачевски и Груби, како секретар на училиште стана член на експертската комисија за уставни измени, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Ковачевски и Груби го предложиле Христа Најдов секретар на училиште, како еден од членовите на работната група која треба да ги пишува уставните амандмани.

— реклама —

Која е експертизата од уставната материја што може да ја има еден секретар на училиште?

— реклама —

Со каква уставна проблематика се соочува Најдов, предложен од Ковачевски и Груби како секретар на училиште, па за сега да се очекува дека тој ќе даде суштествен придонес.

Ковачевски и Груби немаат луѓе со експертско знаење, користат неколку партиски блиски лица, кои се експерти за се.

— реклама —

Најдов е човек, кого власта претходно го праќаше во работни групи за родова еднаквост, за изборен законик и за што ли уште не, а сега и за уставни амандмани.

— реклама —

Вистинските експерти не сакаат да бидат дел од циркусот на власта наречен работни групи за уставни измени, затоа наместо стручни лица во работната група имаме пензионери, поддржувачи на Путин и секретари од училишта.

Работната група нема кредибилитет, и таа треба да се распушти“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања