Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Само специјалниот бугарски пратеник Филипче слепо му верува на Радев кога вели дека уставните измени се последната препрека за влез во ЕУ“, вели Манасиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library0hudseug3s4q8azHSLv

Денеска на прес-конференција, портпаролот на партијата Валентин Манасиевски, повторно упати остри обвинувања кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, тврдејќи дека тој „слепо му верува“ на бугарскиот претседател Румен Радев дека уставните измени се последната пречка за членство на Македонија во Европската Унија.

— реклама —

На прес-конференција, портпаролот на партијата Валентин Манасиевски оцени дека внесувањето на Бугарите во Уставот е „само првиот од многуте чекори“ што, според него, бугарските власти ги поставуваат кон Македонија.

— реклама —

Манасиевски се повика на видео од 2019 година во кое Радев, тогаш како претседател на Бугарија, зборува за македонската историја во бугарски контекст, посочувајќи дека тоа е доказ дека барањата не се ограничуваат само на уставните измени.

Според ВМРО-ДПМНЕ, бугарските позиции се однесуваат и на прашања поврзани со македонскиот јазик, историја, култура и идентитет.

— реклама —

Во обраќањето, Манасиевски тврдеше дека доколку Филипче дојде на власт, би прифатил толкувања според кои историски личности како Гоце Делчев, Јане Сандански, Питу Гули и Даме Груев би биле претставени како бугарски дејци.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека нема да дозволат, како што велат, „редефинирање на македонскиот идентитет“ и најавија дека ќе продолжат со, како што наведоа, „достоинствена политика“ во односите со Бугарија и европските интеграции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library88us3ia4sfj3551qHrH

(Видео) Манасиевски: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library4v41q12taiqb6zc7UQx

(Видео) Манасиевски: Промените во Македонија започнаа со заминувањето на Заев, продолжија со Ковачевски и ќе завршат со заминување на Филипче

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryai51mq2hl15b0Wo5OY9

(Видео) „Прво паднаа Филипче и Заев, па потоа Вучиќ, а на приватни забави им пее истиот пејач“, вели Манасиевски

Македонија | пред 2 седмици

media-library6tlq4h51c3iraa3I2Nk

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања