Само што дојде, замина: Собранието ја прифати оставката на пратеникот од ДУИ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
konstitutivna-sednica3

Собранието на денешната седница ја констатираше оставката на пратеникот Флорин Бесими, пратеникот од ДУИ од новиот парламентарен состав кој предходно си поднесе оставка. Оваа оставка тој ја образложи дека била донесена од морални принципи, за да се избегне можен конфликт на интереси при гласањето во Собранието на новата Влада во која за министер за финансии е предложен неговиот брат Фатмир Бесими.

— реклама —

Флорин Бесими неколку години е директор на Клиничката болница во Тетово, а на последните парламентарни избори на листата на ДУИ во Шестата изборна единица беше на второто место, веднаш по лидерот Али Ахмети. Се очекува денеска да пристигнат и други оставки од пратеници кои мандатарот Заев најави дека ќе ги предложи за составот на новата Влада. Покрај Заев, тоа се Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Мила Царовска, Љупчо Николовски, Оливер Спасовски, Јагода Шахпаска од СДСМ и Насер Нуредини од ДУИ.

Лидерот на СДСМ Заев најави дека ќе го поднесе предлогот за состав на нова влада во Собранието откако пратениците кои треба да бидат министри ќе поднесат оставки, ќе бидат верифицирани мандатите на тие што ќе ги заменат и ќе биде донесена одлука за бројот на потпретседатели на Парламентот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања