Во текот на изминатите денови (26,27 и 28.07.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 156 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 124 возачи од кои: 37 возачи затоа што управувалe возило под дејство на алкохол, 76 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и 11 возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 62 возила кои не биле регистрирани. Санкционирани се 17 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, пет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, четири возачи поради неправилно престигнување, 43 возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, девет возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 26 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 131 мандатен платен налог и 95 возила се подигнати со специјално возило "пајак".