Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Само за една година пад на демократијата во Македонија од 20%- над 61% од граѓаните сметаат дека во државата нема демократија, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
DSC_0070

Анкетата на „Евротинк“ ја разобличи целосната неспособност на власта, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Започнувајќи од нивото на корупција во државниот систем, недовербата во институциите, како и мислењето на граѓаните дека државата не се движи во правична насока, катастрофално поразителни се и резултатите за демократијата во државата.

— реклама —

Иако главниот слоган на СДС изминатите избори беше враќање на демократијата, тие не што не направија нешто повеќе, туку и те како ја уназадија демократијата во Македонија.

— реклама —

Дури 61% од граѓаните сметаат дека во државата нема демократија. Ова е резултат непочитувањето на човековите права, ускратувањето на правото на слободно изразување и говор, секојдневното цензурирање и закани спрема медиумите.

За само една година резултатите на прашањето „Дали во Македонија е демократска земја“ незадоволството и негативниот одговор се зголемил за 21%. Во 2021 година оцена 1 и 2 дале 40% од граѓаните, 2022 година 61% од граѓаните.

— реклама —

Токму заради ваквите катастрофални политики на неспособната власт на СДС и ДУИ секојдневно се иселуваат илјадници граѓани.

— реклама —

Зголеменото ниво на корупција и криминал, недовербата кон институциите, лошите економски политики, катастрофата во образованието, како и немањето демократија се вистинските индикатори дека ова е најнеспособната и најкриминалната власт во Македонија.

Колку подолго оваа власт е во удобните фотелји, толку повеќе ќе тоне државата. За излез од оваа состојба веднаш се потребни предвремени парламентарни избори“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања