Промени тема
Контакт

Санација на активни свлечишни зони во Кичевскиот регион, селата Шутово, Премка и Осломеј од страна на РЕК Осломеј

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
3
Фото: Илустрација

Во текот на пролетните месеци од страна на Центарот за управување со кризи евидентирани се манифестации на реактивираните свлечишта во атарот на селата Шутово, Премка и Осломеј во близина на ПК Осломеј, истите имаат директно влијание над значајни инфраструктурни објекти и можат да предизвикаат сериозни штети на имотот на граѓаните, регионалниот пат, како и регионалниот водовод кон погоренаведените села, велат од центарот за управување со кризи.

— реклама —

„После состанокот одржан на 03. Јуни 2022 година, во просториите на РЕК Осломеј, на кој присуствуваа и претставници од Регионалниот центар за управување со кризи Кичево, покрај фактот дека се разгледаа барањата на месните заедници за санација на ерозијата на земјиштето на просторот од трите засегнати села, се утврди заедничка констатација дека појавата на неколкуте свлекувања на земјиштето се навистина сериозни, оштетувањата на патот евидентни, а самиот претходно направен канал над патот покажува недоволна вододржливност. Заедничката теренска процена е дека сето тоа бара итна операбилна интервентност за санација на проблемот со клизиштето а со тоа и стабилизација на ерозијата. Во таа насока согласно претходно изготвеното мислење препораки и заклучоци во форма на Консултански услуги од областа на градежништво и рударство, обврски по основ на Договорот склучен помеѓу ЕСМ Скопје и Градежниот факултет УКИМ Скопје-Катедрата за хидротехнички објекти, РЕК Осломеј дополнително побара и мислење од страна на Центарот за управување со кризи во однос на превземање на интервентни активности за санација на реактивираните свлечишта во ПК (површински коп) Осломеј.

— реклама —
— реклама —

Центарот за управување со кризи, преку директно надлежниот инволвиран Регионален центар за управување со кризи Кичево на чија територија се случува инцидентот, на 13.06.2022 година даде соодветно позитивно мислење, а веќе од вчера Подружницата РЕК Осломеј, отпочна со градежни активности за санација на детектираните свлечишни зони“, информираат од ЦУК.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања