Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Санирана и реновирана полициската станица во Валандово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
oliver

„На средбата во Полициската станица од општа надлежност Валандово разговаравме за актуелните состојби и активности во рамки на оваа организациона единица при Секторот за внатрешни работи Струмица и можам да кажам дека резултатите се многу добри. Дотолку повеќе што сега после неколкумесечни градежно-санациски работи, објектот на оваа полициска станица е реновиран, обновен и прилагоден за нормално функционирање на полициската служба“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета на полициската станица во Валандово.

— реклама —

Министерството за внатрешни работи од сопствени средства во висина од  3,1 милиони денари го финансираше санирањето и реновирањето на  овој објект, како што тоа континуирано го прави во изминативе две години реконструирајќи и санирајќи полициски објекти низ државата.

— реклама —

„Се разбира сето тоа само со една единствена цел: воспоставување на квалитетни материјално-технички стандарди за работа на организационите единици при МВР, односно на сите полициски службеници. Впрочем, наша базична интенција беше и останува фактот дека напоредно со реформските процеси на безбедносниот сегмент ние мораме да ги унапредиме условите за работа на полициските службеници со што се унапредува ефикасноста и квалитетот на полициското работење“, рече министерот Спасовски.

— реклама —

На средбата со градоначалникот на Валандово Перо Костадинов беше потенцирана одличната соработка меѓу полицијата и локалната самоуправа, а се разговараше и за проекти кои треба да се реализираат во иднина, во интерес на граѓаните. Во рамки на одбележувањето на 6. Ноември, денот на ослободувањето на Валандово, делегација на МВР, предводена од министерот Спасовски, положи цвеќе пред споменикот на паднатите борци .

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања