„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Сања Лукаревска е именувана за в.д. директор на Управа за јавни приходи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
sanja-l

Владата на денешната седница го разреши Фарук Омери од должноста в.д. директор на Управата за јавни приходи, и на оваа функција ја именува Сања Лукаревска.

— реклама —

По верификувањето на мандатот за пратеник во август, Лукаревска ја напушти функцијата директор на Управата за јавни приходи, а на нејзино место за в.д. директор беше поставен Омери.

На денешната седница, на предлог на Комисија за именување, Владата донесе одлука и Бајрам Реџепи да го избере за член на Одборот на директори на Акционерско друштво за вршење на енергетски дејности Национални енергетски ресурси Скопје во државна сопственост.

— реклама —

Исто така, Владата денеска му предложи на Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој да ја именува Моника Јованова за претседател на Управниот одбор на Фондот.

На оваа седница Владата го именуваше Фатмир Арифи за в.д. директор на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања