Санкционирани 123 возачи во Прилеп, меѓу кои и 21 мотоциклист

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
policija-skopje-koronaviris-1

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи на 19.09.2020 во периодот од 17.00 часот до 23.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање и санкционирање на прекршоци сторени од учесници во соообраќајот на подрачјето на ОВР Прилеп.

— реклама —

Притоа, изречени се 123 санкции, меѓу кои за управување на моторно возило без положен испит  18, за нерегистрирани возила – 35, за возење под дејство на алкохол – 4, за управување на технички неисправно возило – 9.

При контролата санкционирани се и 21 мотоциклист, кај кои се констатирани низа прекршоци, меѓу кои 6 поради управување без  положен испит, 3 поради тоа што не биле регистрирани.

— реклама —

Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли и во наредните денови, со кои ќе бидат опфатени сите учесници во сообраќај во сите градови во државата, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања