„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Санкционирани 142 возачи поради возење со поголема брзина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

Во текот на изминатите денови (19, 20 и 21.10.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 32 сообраќајни незгоди од кои четири со тешки телесни повреди, 13 сообраќaјни незгоди со телесни повреди и 15 со материјална штета. Во сообраќајните незгоди четири лица се здобиле со тешки телесни повреди и 33 лица се здобиле со телесни повреди.

— реклама —

„Од преземените мерки и активности констатирано е дека 142 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 65 возачи од кои: 25 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 35 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и пет возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 37 возила бидејќи 35 биле нерегистрирани, а две возила биле технички неисправни. Санкционирани се девет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четири возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, пет поради неправилно престројување и еден возач поради неносење заштитен шлем (кацига). Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци поради поминување на коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 164 мандатни платни налози и 120 возила се подигнати со специјално возило "пајак"“, информираат од МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања