„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Санкционирани 26 возачи кои возеле со поголема брзина од дозволената

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
policija

Во текот на изминатиот ден (29.05.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 26 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 16 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило.

— реклама —

Исто така, исклучени од сообраќај се и 16 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, пет возачи поради неправилно престројување, три возачи поради неправилно престигнување, пет возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, еден возач поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 10 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во однос на пешаците санкционирани е еден пешак поради поминување коловоз на црвено светло.

— реклама —

Во текот на изминатиот ден издадени се 61 мандатни платни налози и 59 возила се подигнати со специјално возило "пајак". Изминатиот ден се случиле шест сообраќајни незгоди во кои четири лица се здобиле со телесни повреди.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања