Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Санкционирани 261 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

— реклама —

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје санкционираа 261 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.


— реклама —

„Во периодот од 25.09. до 01.10.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 144 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 117 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, велат од ПОЦ.

— реклама —


— реклама —

„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, додаваат од ПОЦ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања