Санкционирани 27 мотоциклисти во Велес, зајакнати контроли во сите градови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
policija-skopje-koronaviris-1

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес во периодот од 18.00 часот на 18.09. до 03.00 часот на 19.09.2020 на територијата на Велес  спроведоа акциска контрола за откривање и санкционирање на прекршоци сторени од учесници во сообраќајот кои управуваат мотоцикли. Притоа санкционирани се 27 возачи на мотоцикли кај кои се констатирани низа прекршоци.  Истовремено, откриени се и законски санкционирани и 18 други прекршоци.

— реклама —

Покрај во Велес, како што веќе информиравме, во текот на изминатото деноноќие во Скопје беа санкционирани 384 учесници во сообраќајот, а Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли и во наредните денови, со кои ќе бидат опфатени сите учесници во сообраќај во сите градови во државата, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

 

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања