Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Шапуриќ: Со транспортни и царински олеснувања до поголема економска соработка во регионот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
76a551a44bc94578da8512f1dfc6a3e2_w790

Министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија проф. д-р Зоран Шапуриќ вчера имаше обраќање на Меѓународниот економски форум „Перспективи", што се одржа во Загреб. Во своето излагање тој зборуваше за регионалната економска соработка која води кон подобра иднина на регионот.

— реклама —

Намалувањето на сите видови бариери, како што се царинските и транспортните олеснувања, признавање на лиценци и сертификати и олеснување на сите останати процедури ќе придонесе до значително поголема економска соработка на земјите во регионот, нагласи министерот Шапуриќ, с енаведува во соопштѕението од неговиот кабинет.

— реклама —

Тој, исто така, ја истакнал силната определба  на Владата на Република Македонија за унапредување на економската и политичката соработка со сите земји во регионот. Исто така, ги презентираше и мерките за економски раст на Владата и укажа дека постои огромен потенцијал за заеднички настап на трети пазари на компаниите од земјите во регионот.

— реклама —

Во рамки на форумот Шапуриќ претседаваше и со една пленарна сесија, а подоцна во име на организаторот на форумот додели плакети на успешните компании од регионот, меѓу кои и на компанијата Тиквеш.

За време на престојот во Загреб Шапуриќ оствари и билатерални средби со Предраг Штромар, министер за градежништво и просторно планирање во Владата на Хрватска, жупанот на Загребачка Жупанија, Стјепан Кожиќ, државниот секретар Жељко Урлих, претседателот на ХНС Иван Врдољак, повеќе пратенци во хрватскиот Парламент и други преставници на институциите на Хрватска.

Шапуриќ, исто така, со жупанот Кожиќ и други  претставници на централни и локални институции во Хрватска ја   отвори прва Алеа на претприемништво во индустриска зона во регионот, која се наоѓа во околината на Загреб, каде се наоѓаат производни погони на повеќе светски и хрватски познати брендови , меѓу кои и фабриката за автомобили Римац.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања