Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Сашко Кедев oткри дали ќе се кандидира за претседател на Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Screenshot_20230909_004252_Chrome-960x522-1

Моите сегашни приоритети не се компатибилни со каков било политички ангажман, вели кардиологот Сашо Кедев, чие име се споменуваше како можен кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори што треба да се одржат следната година.

— реклама —

-Не, тоа е завршена работа, неколку пати досега сум кажал – рече тој на Сител.

— реклама —

Кедев своевремено беше кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, но загуби од Бранко Црвенковски.

-Тоа беше една фаза во животот и за мене едно позитивно лично искуство бидејќи тогаш успеав да го запознаам сопствениот народ, сите граѓани на Република Македонија, од која било етичка припадност и тоа е нешто коешто засекогаш ќе остане врежано длабоко во мене бидејќи се соочив со сопствениот народ и уште повеќе го засакав сопствениот народ – изјави Кедев.

— реклама —

Прашан како гледа на актуелните случувања во земјава и дали таа се движи во добар правец, Кедев посочи оти во изминатите 32 години од нејзината самостојност, државата не е изградена на здрави темели.

— реклама —

-Лично сметам дека не е сè изгубено и дека треба акцентот да се стави на коренот на државата, бидејќи ако премногу се фокусираме на цветот и ако тоа го правиме на штета на коренот, тогаш македонското дрво ќе падне. Македонското дрво не е уште паднато и треба сите заеднички да го зајакнеме коренот, бидејќи македонското дрво е еден сериозен предизвик, а ако нема јак корен, многу тешко ќе опстане – додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања