Сашко Коцев сведочи за неговиот најдобар другар кој бил малтретиран: Се сеќавам...

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Магазин
Screenshot-2023-09-30-at-18.57.24

Актерот Сашко Коцев е дел од кампањата против булинг „Крени глас против врсничко насилство”. Во кратко видео тој раскажува за сопствено искуство од времето кога бил тинејџер, за булингот и исмејувањата кои ги доживеал неговиот другар, дете од скромно семејство.

— реклама —

„Се сеќавам на моето детство, на мои 13-14 години, во моето маало се досели ново семејство, фини, кротки луѓе. Имаа син кој се викаше, еве да кажеме се викаше Петар. Кога ќе излезеше надвор носеше доста износени маици, изветвени кошули, многу поголеми јакни. Ако се појавеше во нови патики, се гледаше дека тие патики се само за него нови, инаку се износени, два броја поголеми.

— реклама —

На средината и генерацијата тоа веднаш почна да им станува тема за озборување, за правење шеги на негова сметка, на сметка на тоа материјалното. И така на Петар му натежнаа тие коментари, тие врснички подбивања, тие прекари на негова сметка, и како резултат на тие подбивања тој од едно ведро, насмеано интелигентно момче, се повлече. Прилично се повлече, не излегуваше, не комуницираше, ги избегнуваше туѓите погледи, едноставно како да се затвори дома“, вели актерот.

— реклама —

Тој додава: „И сфатив како можам да помогнам. Помогнав со тоа што ми стана најдобар другар. Не куртоазно, не вештачки, туку вистински другар, затоа што тоа беше многу фино момче, многу интелгентно, многу начитано, можевме да разговараме за многу теми коишто ги најдовме попат дека ни се заеднички. И со тоа некако го заштитив, го ставив под свое крило и тој имаше сигурен простор, а претходно стана и повлечен, веќе не излегуваше од училиште, веднаш одеше дома.

Стана сигурен, некако се разведри. Такво беше моето воспитување, да преку другарство му помогнам некому. Многу ми е драго што тоа врсничко насилство не ги инхибираше луѓето, не не затвори, туку денес сите ние кои сме од тоа друштво сме прилично реализирани од тоа кое сме го зацртале во животот. Оние што ги гледаа патиките, новите патики, брендирани маици, останаа уште таму, кај патиките, кај јакните, само ги додадоа колите“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања