„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Сашко Николов: Продуктивност, ефективност, ред и дисциплина на сите нивоа на општинските институции во Штип

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Кандидатот за градоначалник на Штип Сашко Николов денеска во своето обраќање истакна дека приоритет како нов татко на својот роден град ќе му биде да го направи Штип европски, модерен, отворен град, со еднаквост за сите, родова рамноправност, топол дом за секој жител и пријател на овој град.

— реклама —

Прва работа со која ќе го започнам својот мандат ќе бидат продуктивноста, ефективноста, динамичноста, редот и дисциплината, да ги примениме на сите нивоа на општинските институции и јавните претпријатија, да се стремиме да бидеме уште подобри, да го ловиме патот кон ЕУ, истакна Николов.

Во врска со плановите како градоначалник, за образованието во Штип, Николов рече дека тим на стручни лица активно работи во изработка на програма за сите недостатоци и комплексни ситуации во Штип.

— реклама —

Ќе го реновираме кровот и ќе поставиме термоизолациска фасада во ОУ Гоце Делчев, покривот на средното училиште Славчо Стојменски, во план е реновирање на дворната површина во училиштето Димитар Влахов со поставување на спортски реквизити, во училиштето Тошо Арсов се планира санација на санитарниот чвор, најави Николов.

Нашите деца заслужуваат да добијат најдобри услови, нагласи Николов, додавајќи дека во СРЦ Сутлак ќе има затворен базен на услуга на сите училишта, како и нови игралишта и реконструкција на спортски сали.

Николов истакна дека се обезбедени средства за санација на историските обележја музеите и содржините околу Исарот, а најави и заштита на нематеријалното богатство како штипскиот адет четресет и дека на Штипјани во 2021 година, доколку здравствените услови дозволат, ќе им го даде Макфест со вратен гламур, грандиозност и елитност.

Сашко Николов ги повика своите сограѓани, пријатели на 13 декември да го искажат своето демократско право на глас.

Да избереме легитимен кандидат, со почитување на мерките за заштита, како на 15 јули да бидеме општествено одговорни на 13 декември, и во време на пандемија, со која добро се носиме да овозможиме Штип да добие градоначалник кој го носи градот во сигурни раце, порача кандидатот за градоначалник на Штип Сашко Николов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања