Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Сашо Донев повторно избран за претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarynbg75j7kc5sjdkhmRX7

Сашо Донев повторно е избран за претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, откако уште еднаш ја доби довербата од членовите и партиските органи.

— реклама —

Во обраќањето до сопартијците, пријателите и сограѓаните, Донев изрази благодарност за поддршката, оценувајќи дека добиената доверба претставува признание за досегашната работа, но и дополнителен поттик за идните предизвици.

„Со огромна чест и задоволство ве информирам дека уште еднаш ми е укажана довербата да го предводам Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Охрид. Упатувам огромна благодарност до членовите и до органите на партијата за поддршката. Оваа доверба не е само признание за досегашното, туку и силен мотив за сè она што доаѓа“, порача Донев.

— реклама —

Тој истакна дека заедно со членовите на комитетот покажале дека Охрид има капацитет, знаење и енергија за големи промени и успеси, нагласувајќи дека претстои уште многу работа.

— реклама —

„Како тим, со сите вас, докажавме дека Охрид има капацитет, знаење и срце за големи промени и уште поголеми победи. Но, тука не застануваме. Нè чека уште многу работа, уште многу заеднички успеси и уште посилно темпо“, истакна тој.

Донев порача дека вратите на Општинскиот комитет остануваат отворени за сите кои сакаат да придонесат со идеи и ангажман за развојот на Охрид.

— реклама —

„Продолжуваме уште посилно! За Охрид! За Македонија!“, порача Донев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања