Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Сашо Донев: Сe што им беше ветено на охриѓани пред локалните избори, со Георгиески паѓа неповратно во вода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
IMG_2567-08-06-19-13-31

За жал, серијата лоши вести поврзани со градот на чело со СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески продолжува со најавениот ребаланс на буџетот на Општината за наредната седница на Совет. Замислете без никаков срам, од досега најголемиот буџет во историјата на градот се бришат милионски суми од програмите предвидени за капитални инвестиции и се зголемуваат трошењата како бенефит само за неколкумината избрани на кои директно од џебот на охриѓани ќе им се исплаќаат милионски суми, истакна Сашо Донев, претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Ставката за плаќање по судски решенија предлагаат да се зголеми за неверојатни 28 милиони денари.

— реклама —

Како е дозволиво, знаејќи дека истите се разбира ќе бидат скратени од предвидените капитални расходи кои требаше да им донесат „живот” на охриѓани?

— реклама —

Од програмата за изградба и реконструкција на улици и патишта се кратат околу пет милиони денари, за изградба на системи за водоснабдување четири и пол милиони денари, од изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води повеќе од три милиони денари. Околу три милиони се крати од култура, капиталните расходи во спортот се кратат за два милиони денари.

— реклама —

Во основно образование се кратат неверојатни седум милиони денари, а во средно образование дури три милиони денари. Дали се потврдува тоа дека толку од најавениот инвестициски бум во образование и толку од грижата за најмладите кои се наша иднина?

Ветувањата за нови градинки и реконструкции на постоечките ќе почекаат, се бришат неверојатни 16 милиони денари.

Сакаме да им предочиме на нашите сограѓани како се пренаменуваат нивните пари за трошења од кои тие нема да видат никакво добро. ДА им предочиме дека овој ребаланс на буџет кој го предлагаат и без сонмение ќе го изгласаат е уште еден доказ дека се изманипулирани и излажани. СДСМ и Георгиески потврдија дека с’e што им ветуваа на охриѓани пред локалните избори паѓа неповратно во вода, истакна Сашо Донев, претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања