Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Сашо Тасевски ги искара Владините пиари: Дали го чувте српскиот коментатор еднаш да каже Северна?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
saso-tasevski

Актерот Сашо Тасевски по победатата и еуфоријата во земјава се огласи на ФБ. Тој овој пат им забележа на Владините пиари:

- Да ги прашам пиарџииве на владата, кои на приватни фејсбук профили, северњачат. Северна ова Северна она... Дали го чувте српскиот коментатор еднаш да каже Северна? Малоумни едни, не мора на приватен профил, глупа пропаганда да водите. Нема да ви замери никој ако таму пишете едноставно Македонија, напиша Тасевски на социјалната мрежа фејсбук.

— реклама —

— реклама —

А во нов статус на истата тема Тасевски додаде:

— реклама —

Немојте луѓе! Достоинството е уште поважно да се покаже во победата. Не може да си шампион во Европа и во исто време да си националшовинист. Не може. Неспоиво е. Мочате на големината на оние кои го направија тој спортски подвиг, на оние кои Европа годинава ги запозна како нивни навивачи кои фанатично го бодреа својот клуб. Кои навиваа без да сторат ниту најмал инцидент и кои беа буквално нивниот осми играч кој настапуваше секаде со нив. Вистинските шампионите и нивните навивачи никогаш не се спуштаат на ниво на примитивци и простаци, зашто се под Големото Око на светот. Тие се огледало за непобедливоста и достоинството и на државата од која доаѓаат и на оние кои во неа живеат. Ако таа Македонија создала европски шампион во некој спорт, зошто не би создала шампион и во било што друго. Ако има вакви навивачи кои гинат за тој клуб и притоа ги гледаме на нашите улици во најпозитивно светло на цивилизираност, зошто таа држава и тој народ да ги сметаме за подолни од нас. Така размислува светот соочен со големината на тој шампион. Зошто би скокале во калта, ако сме на кровот на Европа, со примитивни шовинистички постапки. Потурете ги со пепел сите провокатори и мизерни души, кои ве туркаат од тој кров, долу, во калта, со останатите свињи. Нека се удават таму. Ако е некој будала, не мора да го имитирате. Што со тоа ако урлате Клети Шиптари??? Ќе смените нешто на подобро? Ќе ги натерате да се справат со шовинистите од нивниот народ? Нема. Само ги туркате уште подалеку од себе и оние Албанци кои вчера исто навиваа за Вардар и се радуваа кога победи. И провоцирате контра свињарии во оваа мизерна балканска кочина. Наместо тоа, дишете со полни гради. Вардар од кочината ве качи на Мон Блан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања