„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Сашо Тасевски: Соживотот постои само во вашите партиски брошурчиња

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
saso-tasevski

Актерот Сашо Тасевски на својот Фејсбук профил обави статус во кој реагираше на тоа што ниту еден албанец не го осуди коментаторот на МТВ 2.

— реклама —

"Не пишувам демагогии, соживот, меѓуетничка толеранција, бла бла бла... Се обидувам да пишувам за сликата зад платното, а таа не е убава. Простете ако грешам, но освен Нора Шаќири од јавните личности не видов друг албанец да го осуди коментаторот на МТВ2. Тоа е реалноста. Се друго е демагогија и јадење бурек со праз. Што ако беше обратно? Македонскиот коментатор да викнеше: Играчот со број тој и тој му даде гол на Симан од корнер. Сите албанци во сите партии ќе рипнеа против тој коментатор. Соживотот постои само во вашите партиски брошурчиња. Нигде на друго место. Размислете за ова. Сите до еден. И македонците. Се продолжи ли вака, Босна ќе биде вагинален чад за она што ќе се случува овде. Јас не можам да мразам друг народ, тоа е глупо. Видовме тоа до што донесе во Југославија. Затоа мора да има осуди и казни за лудаците во медиумите кои се задоени со омраза", напиша Тасевски на Фејсбук

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања