Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Сателитски снимки откриваат ново руско воено засилување близу Финска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
media-libraryjj34a64k8g2p7jBI44N

Русија започнала со обнова на напуштена воена база во градот Петрозаводск, во Република Карелија, во непосредна близина на границата со Финска, со цел таму да смести до 15.000 војници од новоформираниот 44. армиски корпус. Ова го покажуваат сателитските снимки што ги објави финската јавна телевизија Yle, а ги пренесуваат и повеќе меѓународни медиуми.

— реклама —

Снимките го прикажуваат просторот на поранешниот гарнизон во близина на електраната Рибка, кој бил напуштен од почетокот на 2000-тите години. Локацијата сега е расчистена од ниска и висока вегетација, а до октомври минатата година биле забележани повеќе од 50 воени камиони и други возила. Во Петрозаводск веќе постојат голема воздухопловна база и магацин за воена опрема, а паралелно се градат и нови работилници и инфраструктура.

— реклама —

Според информации од локални руски медиуми, изградбата на нови касарни во Петрозаводск треба да започне во текот на оваа година. Русија го формирала 44. армиски корпус во Карелија уште во 2024 година, со што биле додадени околу 15.000 војници. Дел од нив веќе пристигнале во градот, што ја објаснува потребата од забрзана изградба на објекти за сместување и обука.

— реклама —

Воениот аналитичар и поранешен фински разузнавач Марко Еклунд за Yle изјавил дека постои голема веројатност овие сили да се обучуваат за испраќање на боиштето во Украина. Истовремено, се работи и на изградба на ново воено населено место во Кандалакша, во Мурманска област, што дополнително укажува на поширока воена активност во северозападниот дел на Русија.

— реклама —

Во меѓувреме, Финска и Шведска на 27 септември минатата година формираа заедничка бригада со околу 5.000 војници, која ќе биде стационирана во Лапонија, долж границата со Русија. Финската воена разузнавачка служба на 22 јануари годинава соопшти дека Русија не се откажала од обидите за оштетување на подводната инфраструктура во Балтичко Море, што дополнително ги зголемува безбедносните грижи во регионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryachv131mr8uq3KqAzYD

Украина со масовни напади врз Русија, Москва тврди дека соборила 1.441 дрон

Свет | пред 16 часа

— реклама —
media-librarydomkoiv4lstj9yXXQxq

(Видео) Руски ракети погодија два големи моста во Киев, прекинато снабдувањето со вода и струја

Свет | пред 1 ден

media-librarye00b4sg9vormbcLok01

(Видео) Украина изведе најголем напад со дронови врз Русија од почетокот на војната: Москва тврди дека соборила 1.336 летала

Свет | пред 1 ден

kremlj-moskva

Кремљ ги отфрли обвинувањата на Естонија за руска саботажа: „Немате докази“

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања