Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Савески го изгуби судскиот спор против Левица: Апасиев останува единствен правен застапник на партијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
apasiev

Партијата Левица со соопштние ја информира јавноста дека судскиот спор околу правниот застапник на партијата е завршен и оти Димитар Апасиев останува единствен правен застапник на истата.

„Изминатиот период, откако една мала група од поранешното раководство на Левица потпаднати под подлите манипулации, саботажи и фалсификати на Здравко Савески неуспешно се обиде да ја заузда антивладината критика – како еден од главните фокуси на нашата партија – започна да создава внатрешни тензии и опструкции кои го минираа целокупното фунционирање на Левица.

— реклама —

Сепак, ваквиот координиран обид од страна на оваа теснограда фракционерска група, која поради свои поедини лични бенифиции и потрага по комфор се обиде да ја компромитира антивладината позиција и зацртаната политичка траекторија на Партијата, беше пресретнат од страна на актуелното легитимно и легално раководство. Со поддршка на базата и поширокото членство на Левица ваквиот обид успешно беше превениран и на овие компромитирани членови им беше замрзнато членството.

Но, оваа маргинална и идеолошки застранета група – заглавена во намерите за додворување кон политичкиот естаблишмент и со поданички обзир спрема НГО сентиментот – покрај обидите бескрупулозно да се пресмета со актуелниот Президиум на Левица, покрена и тужба за промена на правниот застапник на Партијата, која после неколку одржани рочишта, мериторно им беше одбиена од страна на Основниот суд Скопје II.

— реклама —

Уште еднаш нашата Партија успева да ги одбие тенденциите за нејзино зауздување и компромитирање, со што – после секој обид за пуч – излегува поцврста, позрела, посилна и со јасна визија во борбата против капитализмот и империјализмот.

Борбата продолжува. Ќе победиме! “

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања