Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Шахпаска: Го реформиравме системот за социјална заштита, опфатот за детски и образовен додаток го зголемивме за 20 пати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Во изминатите две години се посветивме на реализација на низа мерки што обезбедуваат повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани. Градиме фер и праведно општество со еднакви шанси за сите, истакна Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ.

Уште на почетокот на мандатот ја зголемивме минималната плата  на 12.000 денари. Само со оваа мерка над 90 илјади работници добиваат поголеми плати. Ги вклучивме и работниците во кожарската, текстилната и чевларската индустрија и сега и овие работници добиваат иста минимална плата како и вработените во другите сектори.

— реклама —

Со законското усогласување, минималаната плата се покачи и изнесува 12.507 денари, а отворен е процес за дополнително зголемување на 13.000 денари во следниот период. Jа исправивме неправдата кон стечајните работници. Над 10.000 стечајни работници сега добиваат месечен надоместок од над 7.500 денари.

Со социјалната реформа, целосно го преобразуваме системот на социјална заштита со цел трајно извлекување од сиромаштија. Социјална помош ја зголемивме за 300 отсто.

— реклама —

Со мерките од социјалната реформа наместо досегашниот опфат од 3.200 деца, детскиот додаток ќе го користат 73.500 деца, додека пристап до образованиот додаток отсега ќе имаат 64.136 деца.

— реклама —

Воведовме и семеен пакет од право на Гарантирана минимална помош. Ова се само дел од мерките коишто за 2 години ги реализираше Владата и мнозинството предводено од СДСМ, кои носат повеќе пари кај граѓаните и повисок животен стандард.

Продолжуваме одговорно со работата, во интерес на сите граѓани, истакна Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања