„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Шахпаска: Мицкоски бега од избори, неговите тврдења не се темелат на медицински сознанија, експертите оценуваат дека ризокот за избори во јуни е најмал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
DSC_0107

Во медицината два плус два не е секогаш четири и никој не може да се предвиди што ќе се случува на есен, затоа не е јасно врз основа на која проценка Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ предлагаат избори на крајот на август или почетокот на септември. Нашиот став за избори во првиот можен момент го темелиме на светските искуства, на препораките на Светската здравствена организација како и на нашата Комисија за заразни болести, која  оцени дека во периодот  после рестриктивните мерки  и кога има намалување на интензитетот на коронавирусот најдобро  и најбезбедно е да има избори, порача пратеничката  од СДСМ Јагода Шахпаска во емисија на ТВ 24.

— реклама —

„Во перодот после крајот на јуни многу граѓани ќе заминат во странство, многу луѓе ќе ја посетат земјава, ќе се отворат училиштата, оттука навистина не можеме да знаеме каква ќе биде состојбата на есен.  Врз основа на која проценка Мицкоски предлага крајот на август или почетокот на септември, кога не можеме да знаеме што ќе се случува тогаш.  Јасно е дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бегаат од избори и се плашат од сопствениот народ“, изјави Шахпаска.

Таа нагласи дека ставот на СДСМ е јасен  избори да има во првиот момент кога тоа ќе го дозволи здравствената состојба, доколку заврши вонредната состојба на 30 мај, првиот рок за избори е 21 јуни.

— реклама —

„Ние како држава одлично се справивме со здравствената криза, ги заштитивме возрасните лица, и тоа е јасен показател дека државата одлично се справи со кризата и ги заштити граѓаните“, рече Шахпаска.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања