Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Шахпаска: На прав пат сме, по 15 години деблокирана е изградбата на железницата Куманово-Бељаковце-К.Паланка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Државниот долг е 30.4 отсто, а јавниот долг според последните официјални информации е 46 отсто, што е многу далеку од тоа што вие го проектиравте. –истакна пратеничката на СДСМ , Јагода Шахпаска во реплика на денешната собраниска седница.

Таа посочи дека работењето на оваа Влада е транспарентно и отчетно, што не беше пракса за работењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога беа на власт. Време кога не се знаеше ниту колку вработени има администрацијата , ниту колку се долговите на општините. Со доаѓањето на СДСМ на власт имаме бројка јавно достапна за број на вработени, а исто така оваа власт со посебна мерка обезбеди  исплата на 50 отсто на долговите на општините, со цел нивно деблокирање и нивно непречено функционирање. -посочи Шахпаска.

Вие го направивте проектот Скопје 2014 година , но не го исплативте. Сето тоа се долгови кои актуелната власт ги наследила и ги менаџира.-рече Шахпаска.

Конечно, за прв пат после 15 години деблокирана е изградбата на железницата Куманово- Бељаковце, каде што за 15 години беа изградени само 23 отсто од неа. Оваа пролет можеме да очекуваме финиширање на првата фаза на железницата Куманово-Бељаковце-Крива Паланка.-истакна Шахпаска.

— реклама —

Таа додаде дека обезбедени се и два гранта за изградба на втората фаза од 68 милиони евра и за третата фаза од 60.8 милиони евра, за оваа железничка линија.

Истовремено изградена е и пругата од Битола до Кременица кон граничниот премин со Грција во должина од 16 км, за што беа издвоени 21 милион евра.

— реклама —

Од тука произлегува дека тезата дека ништо не се гради, не е точна.-истакна Шахпаска.

Во насока на зачувување на животната средина и борбата против аерозагадувањето е и обезбедувањето на 40 милиони евра за набавка на еко инвертори за домаќинствата во најзагадените градови Скопје ,Тетово,Битола и Кичево. Што воедно е прва мерка од ваков  тип со цел намалување на загадувањето. – заврши Шахпаска.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања