Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Шахпаска: Со измените на Законот за здравствена заштита го олеснуваме пристапот до здравствени услуги

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Slika-Jagoda-28-02-2019

Собранието вчера ги усвои измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита со кои се унапредува квалитетот на здравствените услуги, како и условите за работа на медицинскиот персонал.

Измените на Законот обезбедуваат придобивки за пациентите и олеснет пристап до здравствени услуги на секое ниво и до секој граѓанин, истакна Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ.

— реклама —

Се надминува проблемот со недостиг на кадар во одредени јавни здравствени установи. Со измените се дава можност здравствени работници  од една јавна здравствена установа да одат и пружаат услуги на пациентите во друга јавна здравствена установа согласно потребите на граѓаните.

Наместо пациентите како досега, да патуваат до големите болници, сега со измените, специјалистите ќе доаѓаат каде што е потребно.

Уште една измена што е во корист на пациентите е измената во делот на дополнителната дејност. Со оваа измена, во цената на услугата остварена како дополнителна дејност, пациентите кои се осигуреници ќе ја плаќаат само цената на тимот, а услугата ќе биде покриена преку Фондот.

— реклама —

Се воведуваат измени што се во интерес на медицинскиот персонал и специјализантите.

Со измените, значително се намалува времето што специјализантите треба да го одработат доколку се вработени во јавна здравствена установа. Претходно, ако специјализацијата траела до 5 години, специјализантот одработува 5 години, а ако траела над 5 години специјализантот одработувал 10 години. Сега, со измените периодот на одработувањето ќе биде еднакво на годините колкушто траела специјализацијата.

— реклама —

Паричниот надоместок доколку не го одработат договорениот период од петократен се намалува на двократен износ. Ова е мерка да се стимулираат младите доктори да специјализираат и останат да рсботаат во државата. Со измените здравствениот работник, односно соработник кој е именуван за директор може да ја врши и понатаму својата дејност со работа со дежурства, за што има право на соодветен надоместок. Истовремено се укинува и менаџерскиот испит за директори, истакна Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ.

Ова се само дел од придобивките од измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита. Како одговорна партија остануваме посветени на развој и унапредување на здравствениот систем, подобри услови за работа и квалитетни здравствени услуги за сите граѓани, додаде Шахпаска

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања