Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Шахпаска: Со непотпишувањето на Указите за рефомските закони, Иванов се потврди како кочничар на реформите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Со непотпишувањето на Указите за рефомските закони, меѓу кои Законот за оперативно техничката агенција и за електронски комуникации, Ѓорге Иванов се потврди како кочничар на реформите и противник на професионалнилизација на безбедносните служби, истакна Јагода Шахпаска, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

Освен овие закони, Иванов одбива да го потпише и Указот на Законот за заштита од дискриминација. Со тоа, Иванов се потврдува како промотор на дискриминацијата и противник на професионална Државна комисија за заштита од дискриминација.

— реклама —

Како што го започна така и го завршува мандатот. Иванов е против реформскиот процес, Иванов е против концептот фер општество кое штити од секаков облик на дискриминација.

— реклама —

И во последните денови од мандатот, Иванов останува доследен во своето делување спротивно на интересите на граѓаните и државата.

— реклама —

Од сето ова, добро е што мандатот на Иванов истекува за кратко. На Република Северна Македонија не и се потребни политичари кои се дел од деструктивната матрица на Никола Груевски, како што е Иванов, политичари кои сакаат државата да се враќа назад, во изолација и неизвесност.

Граѓаните на претстојните претседателски избори ќе изберат претседател кој достоинствено ќе ја претставува државата и ќе работи во интерес на граѓаните, истакна Јагода Шахпаска, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања