Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Шахпаска: Воведуваме надоместок за лица со тешка и длабока интелектуална попреченост во износ од 7.204 денари месечно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Со новиот Закон за социјална заштита, се воведуваат низа мерки кои го унапредуваат квалитетот на животот на лицата со попреченост и нинвите смејства. За првпат воведуваме надоместок за лица со тешка и длабока интелектуална попреченост во износ од 7.204 денари месечно, истакна Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ.

Воведуваме две услуги во домот на лицата со попреченост а тоа се: помош и нега и лична асистенција.  Покрај тоа, овие услуги можат да се добиваат истовремено, со надоместок за помош и нега од трето лице или со додатокот за попреченост.

— реклама —

Обезеден е паричен надоместок на плата за оние родители кои го користат правото на надоместок на плата за скратено работно време поради нега на детето со попреченост и најтешки облици на хронични заболувања, утврдено со Законот за работните односи.

— реклама —

Висината на овој надоместок изнесува 50 отсто од просечната нето плата на родителот во претходната година, но најмногу до 50% од просечната плата во претходната година во Република Северна Македонија. При тоа овие семејства истовремено може да добиваат услуги во домот како нега и помош или лична асистенција.

— реклама —

Родителот кој се грижел за дете со попреченост и не остварил право на пензија по друг основ, а при тоа има навршени 62 години за жена, односно 64 години за маж може да се стекне со траен надоместок во висина од 8.000 денари.

Дополнително, социјалните услуги ќе станат поблиски до граѓаните, односно ќе се децентрализираат на ниво на локалните самоуправи со лиценцирани даватели на услуги.

За нас, секој е важен.

Ова се само дел од мерките што обезедуваат зголемена гриѓа за лицата со попреченост и нивните семејства. Концептот на едно општество за сите е концепт на еднакви граѓани, без разлика на нивната физичка или интелектуална попреченост. Сите заслужуваме унапредување на условите за живот и личен развој, истакна Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања