Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Шахпаска: Зборот важи, укинати се квотите за лекови во аптеките во туристички региони

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Започнува реализација на уште едно клучно ветување, важно за граѓаните. Од денеска, се укинуваат квотите на лекови за месец август во аптеките во регионите на Охрид, Струга, Ресен, Дојран и Гевгелија, нашите туристички места, каде во периодот е зголемена фреквенцијата на луѓе. Ова е првиот конкретен чекор кон целосно укинување на квотите што треба да се случи во следниот месец. Во меѓувреме, се воведуваат дополнителни контроли и се засилува целиот механизам за борба против злоупотреби,истакна Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ.

— реклама —

— реклама —

На овој начин се надминува проблемот со недостатокот на лекови на рецепт и се зголемува нивната достапност со цел граѓаните да имаат пристап до лековите преку целиот месец. Наскоро започнува и официјалната  административна процедура на вклучување на сите аптеки во мрежата на здравствени установи и нивно вмрежување. Со тоа се зголемува бројот на аптеки кои ќе нудат лекови на рецепт со што лековите ги правиме лесно достапни за граѓаните.

— реклама —

Очекуваме дека во овој период мерката спроведена во неколку општини да даде реален резултат, да се олесни прстапот до лековите, да се лоцираат и отстранат евентуални недоследности и веќе од есенва, квотите во аптеките низ целата држава да бидат укинато. Како одговорна партија продолжуваме со спроведување на мерки и политики коишто го унапредуваат здравствениот систем и обезбедуваат квалитетна здравствена заштита во интерес на граѓаните, истакна Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања