Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

СДК објави Руска анализа: Македонија е антинацистички проект, а со тоа и антибугарски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
zaev-borisov

Рускиот новинар Дмитри Баварин вели дека Република Македонија и македонскиот јазик навистина се проект на комунистите, но проектот првенствено е антинацистички, а тоа што е и антибугарски, за тоа си се виновни самите Бугари, во неговата опсежна анализа за македонско-бугарските односи, направена по повод бугарскиот меморандум до земјите членки на ЕУ, објави  sdk.mk. 

Во анализата, насловена „На словенски народ му го откажуваат правото на постоење“ во онлајн магазинот „Взгљат“, Баварин објаснува дека првите разговори за постоење на посебни словенски Македонци, одвоени и различни од Бугарите, иако блиски со нив, се јавиле меѓу локалната интелигенција во втората половина од 19. век и почетокот на 20. век, кога филологот, историчар и политичар Крсте Мисирков го создал македонскиот литературен јазик.

— реклама —

Потоа, тој пишува за Втората светска војна во регионот и потсетува дека тогашниот бугарски цар Борис Трети неколку пати се сретнал со Хитлер пред војната за да може да ја преземе Македонија и делови од српските и грчките територии, што тогаш било дел од националната идеја на Бугарија.

— реклама —

— реклама —

Потоа, рускиот новинар прави и анализа на внатрешна бугарска ситуација во моментов и вели дека станува збор за најсиромашна, најкорумпирана и земја со најлош индекс на слободата на медиумите во ЕУ.

„Воопшто не е забавно да си Бугарин“, вели Баварин.

По освртот на протестите во Бугарија, кои што траат од јули годинава, и на кои што се бараат оставки од премиерот Бојко Борисов и јавниот обвинител Иван Гешев, Баварин вели дека Борисов веќе извесно време има одвратен имиџ во ЕУ и дека европските медиуми го споредуваат неговото владеење со мафијашки клан и прогнозираат негов пораз на изборите напролет.

Текстот во целост на: sdk.mk. 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања