Компанијата ЕВН ја купи Градската куќа на кејот на реката Вардар. Градоначалникот Петре Шилегов за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека јавната акција за продажба на Градската куќа се одржала вчера, а единствен понудувач бил ЕВН.
„До 31 октомври беше пријавувањето на заинтересирани фирми за учество на електронската аукција. Се пријави само компанијата ЕВН, а електронската аукција се одржа вчера. Почетната цена беше 12,7 милиони евра и тоа е цената по која Град Скопје ја продаде Градската куќа. Во наредните 15 дена ќе биде склучен договорот“, вели градоначалникот Шилегов, за САКАМДАКАЖАМ.МК.