Жена на 85-годишна возраст, со скршеница на колкот и со негативен тест на коронавирус, пет дена, пет пати ја возеле на релација Клинички центар – Градската општа болница „8 Септември“. Не ја оперирале зашто имала температура нешто повискока од 37 степени Целзиусови, но без други симптоми на КОВИД-19. По петдневно малтретирање и стресови, семејството одлучило да ја земе пациентката и од „8 Септември“ ја однеле на операција во приватната клиника „Жан Митрев“, каде веднаш била згрижена и оперирана, објави SDK.MK
Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција денеска кажа дека „ако има конкретна информација ќе ја провери со директорот на „8 Септември“.
SDK.MK пишува дека жената 13 мај жената, со возило на Брза помош била донесена на клиничкиот Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) со повреда на лев колк со индикација за оперативен третман. Таа имала температура нешто над 37 степени Целзиусови, без други симптоми на КОВИД-19. Од таму е препратена во Градската општа болница „8 Септември“ која од 18 март е КОВИД центар. Таму е хоспитализирана како суспектна на КОВИД-19 и чекала операција.
Земен ѝ е брис на 14 мај. Резултатот од тестот доаѓа на 15 мај и тој е негативен. На 16 мај веќе тече четврти ден од повредата. Од ТОАРИЛУЦ велат дека немаат место и пациентката останува хоспитализирана во „8 Септември“ уште една ноќ. Другиот ден, на 17 мај, по претходен договор за транспорт од „8 Септември“ ја селат на Клиника. Таму ѝ мерат температура, таа пак има малку над 37 степени и со образложение дека „брисот е застарен“ (земен на 14 мај) ја враќаат во „8 Септември“. Истиот ден, на 17 мај таа повторно е транспортирана и хоспитализирана во „8 Септември“, објави SDK.MK.Текстот во целост на : SDK.MK