Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

СДК.МК: Тетовчанка молела за помош додека сопругот ја тепал, полицијата не интервенирала затоа што бил позитивен на КОВИД 19

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
90525679_10220922589797167_2192514228319944704_o

Тетовската полиција завчеравечер околу 22 часот не влегла да интервенира во семејна куќа во градот по пријава за тешко семејно насилство од жена, додека ја тегнел и тепал сопругот пред двете малолетни деца. Не влегла, затоа што насилникот бил позитивен на коронавирус и со развиени симптоми, а полицајците немале заштитна опрема, објави СДК.МК. 

Полицијата ѝ се јавувала на жената во опасност по телефон, да слушаат дежурните што се случува „во живо“ во куќата, додека насилникот ја малтретирал сопругата пред децата.

— реклама —

Последниот напад бил синоќа, но жената подолго време била држена во страв од насилниот сопруг, била тепана, силувана, демнета и оставана без приходи.

— реклама —

Заразениот насилник утрово заминал во едно од тетовските села, во самоизолација, а Македонското здружение на млади правници, каде жртвата го пријавила случајот, веќе ѝ испратило адвокат да ја придружува во постапката пред органите на прогонот, објави СДК.МК. 

— реклама —

Текстот во целост на: СДК.МК. 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања