Педесет и шест случаи со заразна жолтица се пријавени од септември, што се води како зголемен број на заразени, но ситуацијата се следи бидејќи случаите не се епидемиолошки поврзани и сè уште нема услови за прогласување епидемија, вели за САКАМДАКАЖАМ примариус м-р д-р Билјана Даниловска, специјалист епидемиолог и раководител на Одделението за епидемиологија во Центарот за јавно здравје Скопе, објави СДК.МК.
Во 2016 имало 6 заразени, во 2017 36, а лани 28 случаи со заразна жолтица. Од пријавените случаи годинава, има 13 ученици во осум училишта. Нема ниту една пријава на заразна жолтица во градинките.
Од 56-те случаи, 47 се лекувале или лекуваат болнички, додека другите се на домашно лекување.