Државата не смее да остане без Парламент за да не може да се ратификува Протоколот за членство во НАТО, кажа премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање на увид на градежни работи на патот од Бутел до селото Љуботен во Скопје, објави СДК.МК.
„12 април треба да го задржиме како датум за одржување на предвремените избори. Сепак оставаме можност била какви промени да се случат заради НАТО. Нема да дозволиме како држава да останеме без Парламент сите 29 земји членки го ратификуваа и ќе дојде до Република Северна Македонија и оп ние немаме Парламент. Тоа не смееме да го дозволиме. Претседателот Џафери кажа дека 60 дена пред изборите треба да се распушти Собранието, ние можеме да се поклониме на таа одлука, но сите мораме да водиме грижа државата да ни биде функционална кога се носат вакви важни одлуки“, рече Заев.
„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg