Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДС да побара оставка од Арсовска, во спротивно ќе ја потврдат тендер провизиската коалиција Тачела, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
danela862

Одговорни за хаосот во Скопје се партнерите од коалицијата Тачела. Всушност оваа коалиција стои зад кадрите на СДС дополнети со ликови од ДУИ, ГРОМ и Левица кои ги водат јавните претпријатија кон пропаст, а со тоа и Градот кон колапс. Оваа коалиција не ја врзуваат ниту програма, ниту принципи, туку ја врзуваат бизнис интересите, тендерите и дебелите директорки плати. Ниту интересите на градот Скопје, ниту интересите на граѓаните не им се битни, само пусти пари и провизии, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Впрочем, ако СДС навистина сметаат дека Данела Арсовска лошо го менаџира Градот Скопје зошто не побараат оставка од неа? Зошто ГРОМ, Левица и ДУИ молчат и полнат директорски џебови дури градот е во хаос?

— реклама —

Ги повикуваме СДС ако имаат храброст и принципи да побараат оставка од Арсовска? Во спротивно молкот е потврда дека Тачела коалицијата е голема колку и меракот за матни тендери, пари и провизии на нејзините сегменти“, се вели во соопштението.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања