Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

СДС е малцински партнер во сопствената влада со само 5 министри, ДУИ и Талат владеат, вели Ковачки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
29012024_Dzaferi_izjava_1

„СДС е малцински партнер во сопствената влада со само 5 министри, а ДУИ и Талат владеат“, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и додава:

Ковачевски ја продаде СДС, за ден повеќе власт му слугува на ДУИ.

— реклама —

Ковачевски си ги понижи сопствените пратеници, кои мораа да го гласаат командант Форина за премиер. Талат Џафери немаше да биде премиер без гласовите од СДС. За да владее ден повеќе Ковачевски ја предаде владата на дезертерот Џафери.

— реклама —

Една година Ковачевски даде се што можеше да се даде, од милионски тендери на партискиот донатор на ДУИ, Еуровиа, преку одмолчување за купувањето на Соравија до преземањето на хотели на Попова Шапка.

— реклама —

Од вчера Ковачевски ја предаде и онаа малку моќ на политичко одлучување кое го имаше. СДС повеќе за ништо не се прашува. Главни се криминалците од ДУИ.

Дури и таму каде што СДС има министри како во Министерството за транспорт и врски не одлучуваат тие, туку ДУИ и Артан Груби, кој се само назначи за координатор за изградба на Коридорите.

Ковачевски свесно се понижи и себе и партијата, но пред се државата. СДС ја уништува Македонија, немаме веќе држава.

Ковачевски е човекот кој ќе треба да го стави клучот на вратата во СДС вечерта на 8-ми мај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања