Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

„СДС е партија чиј претседател кажа дека македонскиот и бугарскиот народ се ист народ, трајно ги нагриза нашите позиции и го загрози идентитетот“, реагира опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
viber_image_2022-10-07_11-59-16-107

„СДС е партија чиј претседател кажа дека македонскиот и бугарскиот народ се ист народ, трајно ги нагриза нашите позиции и го загрози идентитетот“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:

— реклама —

СДС се партијата која даде легитимитет на бугаризацијата. Заев, од позиција на премиер, долгорочно ги оштети македонските позиции. Од изјавите на Заев беа фрапирани и до бескрајна радост донесени и најголемите бугарски шовинисти.

— реклама —

Од изјавите на Заев почна целата негација на Македонија, за истата да кулминира со отворањето на клубови со фашистички имиња во Македонија со дезертерот Ковачевски.

— реклама —

Ковачевски не направи ништо да спречи отворање на клубови со фашистички имиња во Македонија, напротив тоа го дозволи.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ нема да толерира повеќе СДС кои се власт да одобруваат никулци на фашизам, и затоа пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе законски предлог измени со кои идно формирање и регистрирање на здруженија со имиња со фашистичка позадина, но и ќе се реагира на постоечките здруженија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања