Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

СДС и ДУИ го повторуваат М-НАВ во ФЗОМ, ги шиканираат постоечките вработени за да примат нови партиски кадри, вели Ристески

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
sdsm-45134

„СДС и ДУИ го уништија здравството. Наместо да ги стимулираат работниците во здравството со повисоки плати, тие кратат на плати“, вели Петар Ристески пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и додава:

Вработените во ФЗОМ се жртва на лошите политики на СДС и ДУИ.

— реклама —

Недозволиво и поигрување со над 800 вработени во ФЗОМ е да им се намалуваат платите за 21%, а во исто време да се распишува оглас за 61 нови вработувања на стотина дена пред избори.

— реклама —

Несомнено се наметнува фактот дека власта ги намалува платите на постоечките вработени во ФЗОМ, за да може да прими 61 партиски војник пред избори.

— реклама —

Истата стратегија од М-НАВ се пресликува во ФЗОМ, една институција која служела за пример и квалитетна работа се партизира и полни со партиски кадри.

СДС и ДУИ на институциите гледаат само како на место за вдомување на партиските активисти, и заради тоа Македонија добива катастрофални извештаи од ЕК.

Во ЕУ не се оди со политики на партизација, намалување на плати, за да се примат нови партиски војници во институциите кои треба да бидат сервис на граѓаните. Со СДС и ДУИ секој ден сме се подалеку од ЕУ. СДС и ДУИ ја уништија државата.

ВМРО-ДПМНЕ бара да запре лудилото на СДС и ДУИ и да не се намалуваат платите на вработените во ФЗОМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања