Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

СДС и ДУИ си играат надворешна политика и прифаќајќи ги бугарските услови ја блокираа евроинтеграцијата на Македонија, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
386627627_10231993577211575_2872631339681207009_n

„Владата предводена од СДС и ДУИ единствено што знае е да се грижи за личните и партиските интереси. И од држава воопшто и посебно од надворешната политика направија циркус. Владата предводена од СДС и ДУИ прифати услови за ЕУ без никаква консултација дома, без никаква консултација со релевантните чинители во Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

„Чекорите кои ги преземаа Димитар Ковачевски, Бојан Маричиќ и Бујар Османи оставија трајни последици по евроинтегративниот пат на Македонија. Ковачевски, Маричиќ и Османи наместо да укажат на штетните и нереални ставови на Бугарија пред европските претставници, тие прифатија договор или услови кои се на штета на граѓаните и на државата.

— реклама —

Ковачевски, Маричиќ и Османи со обврските кои ги преземаа, а знаеја дека не може да се реализираат, купуваа само ден повеќе на власт. И додека ја бараа поддршката за неприфатливиот услов продолжуваа да крадат. Сите нивни активности спротивни на правните норми во државата се запишани во извештајот на Европската комисија. И во тој документ ги има сите нелегални активности како активностите поврзани со коридорите 8 и 10д, лошата ситуација во правосудните органи и слично.

— реклама —

Нелегалните или криминални активности на СДС и ДУИ ја чинат Македонија многу, ги чинат граѓаните многу. Состојбите како дома, а така и на меѓународен план мора да се поправи. За ова е потребен целосен рестарт на системот“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања