Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

СДС и Ковачевски и нека се извинат за делувањето и дејствата на комунистичкиот режим на кои се наследници, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kovacevski-432141234

СДС и Ковачевски како наследници на комунистичкиот режим треба веднаш да им се извинат на граѓаните, и семејствата на жртвите од комунистичкиот режим, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Истиот тој режим на кои се наследници СДС, направи прогон на плејада чинители на македонската интелигенција кои биле ликвидирани од овој режим.

— реклама —

Такви ликвидации од комунистичкиот режим во Македонија има многу и СДС и Ковачевски треба во очи да ги погледнат, граѓаните но и фамилиите и блиските луѓе на убиените и да ги слушне нивните приказни за нивната жртва за самостојноста на Македонија.

Треба да ги слушнат кажувањата и делата на Петре Пирузе, Панко Брашнаров, Михајло Апостолски, Благоја Шамбевски, Ристо Шишков, Драган Богдановски. Овие луѓе биле измачувани по темни затвори и Голи отоци заради нивната идеја за самостојноста на државата.

— реклама —

Нека соберат храброст, СДС и Ковачевски и нека се извинат за делувањето и дејствата на комунистичкиот режим на кои се наследници.

— реклама —

Нема да има помирување додека не се исправи неправдата нанесена од комунистичкиот режим, режим кој го убиваше стремежот за слободна и независна Македонија“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања