Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„СДС и Левица во коалиција за блокада на Изборниот законик, ниските рејтинзи на двете партии го вклучи алармот“, вели Манасиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryadkc8ajvh6793JEhK65

СДСМ и Левица заеднички го блокираат Изборниот законик, а причината за тоа се ниските рејтинзи на двете партии, обвини денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

Тој истакна дека станува збор за закон кој, како што рече, со месеци бил договаран и во кој ВМРО-ДПМНЕ ги прифатило сите предлози на СДСМ и Левица.

— реклама —

„Единственото нешто што го побаравме е нашата дијаспора да може по електронски пат да гласа уште на следните претседателски избори. Прво го прифатија ова наше барање, а денес истите го блокираат“, изјави Манасиевски.

— реклама —

Тој нагласи дека Изборниот законик е дел од Реформската агенда и дека се подготвува согласно препораките и забелешките на ОБСЕ и ОДИХР.

Манасиевски ги повика СДСМ и Левица да предложат амандмани за, како што рече, корекција на начинот на заокружување и поднесување приговори, а останатите амандмани да ги повлечат за законот да биде донесен со консензус.

— реклама —

Според него, блокирањето на законот може да има негативни последици врз исполнувањето на реформите од Реформската агенда и повлекувањето средства од Планот за раст.

— реклама —

„Венко Филипче и Димитар Апасиев со блокада на овој закон сакаат директно да ѝ нанесат штета на Македонија во делот на исполнување на реформите од Реформската агенда, но и во повлекувањето на средства од Планот за раст“, рече Манасиевски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи, како што посочи, со политики на чесно, одговорно и транспарентно работење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library88us3ia4sfj3551qHrH

(Видео) Манасиевски: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library4v41q12taiqb6zc7UQx

(Видео) Манасиевски: Промените во Македонија започнаа со заминувањето на Заев, продолжија со Ковачевски и ќе завршат со заминување на Филипче

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryai51mq2hl15b0Wo5OY9

(Видео) „Прво паднаа Филипче и Заев, па потоа Вучиќ, а на приватни забави им пее истиот пејач“, вели Манасиевски

Македонија | пред 1 седмица

media-library6tlq4h51c3iraa3I2Nk

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања