Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 35 минути -

Македонија
media-libraryh34t5e2fhs8b0pLSvdr

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати критики до СДСМ и Венко Филипче поради нивните реакции за состојбата со Алта банка, обвинувајќи ги дека не ги познаваат надлежностите на институциите и дека се обидуваат да создадат паника кај граѓаните.

— реклама —

Од партијата посочуваат дека Народната банка и гувернерот се надлежни за носење одлуки во рамките на своите овластувања во банкарскиот систем. Притоа, оценуваат дека СДСМ нема кредибилитет да дава изјави за случајот, кој го опишуваат како проблем поврзан со увезени околности.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека СДСМ се обидува да создаде погрешна претстава дека проблемот со Алта банка може да се прошири и врз другите банки, иако, според партијата, надлежните институции отворено ја информираат јавноста и работат на решение. Во соопштението се наведува и дека гувернерот порачал оти граѓаните нема да бидат оштетени.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека претставници на СДСМ преку телевизиските настапи однапред подготвено шират паника и ги извртуваат изјавите во јавноста. Партијата прави паралела со случајот „Еуростандард“, наведувајќи дека СДСМ и понатаму постапува според, како што велат, политичката матрица од времето на Зоран Заев.

— реклама —

Во реакцијата, ВМРО-ДПМНЕ го обвинува СДСМ дека со ваквите настапи се обидува политички да профитира од тема од јавен интерес и дека придонесува за создавање чувство на нестабилност.

— реклама —

Од партијата порачуваат дека СДСМ треба да престане со политичките напади, бидејќи надлежните институции веќе работат на решавање на проблемот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytvi4ung5gasg9a0uJIc

„Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард, а Алта банка е увезен проблем“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 19 часа

— реклама —
media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за ширењето паника за Алта банка од страна на СДС и Филипче

Македонија | пред 1 ден

media-librarytvi4ung5gasg9a0uJIc

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на Еролд Муслиу, кој ја финансира милионската инвестиција?

Македонија | пред 3 дена

media-librarya6l17hb7v44f3fAbd3F

ВМРО-ДПМНЕ: Стево Пендаровски призна дека објектот во Влае е на Еролд Муслиу

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања