Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

СДС ја задолжува државата 600 милиони евра, а во исто време кочи општински обврзници за проекти и развој, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
evra

СДС ја задолжува државата 600 милиони евра, затоа што краделе, а во исто време кочи општински обврзници за проекти и развој, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„СДС се задолжува да покрива дупки кои немало да ги има доколку власта 6 години работеше домаќински. Иако земаат стотици милиони евра кредити, и трошат народни пари од буџети, 6 години немаат направено ниту еден поголем проект, напротив сите проекти се застанати.

— реклама —

Откако се дојдени на власт СДС го зголемија јавниот долг за 65%, т.е. за 3 милијарди евра, тоа се пари кои се потрошени, а ништо не е направено.

— реклама —

Од друга страна, СДС како влада, кочи општински обврзници за општините водени од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, кои се наменети за капитални инвестиции, со кои им се дава можност на граѓаните преку своја инвестиција да учествуваат во изградба на проект од нивно значење, а потоа да добијат камата за истото во период додека трае обврзницата.

— реклама —

Општинските обврзници се за финансирање на проекти, кои власта ги кочи, или за кои нема пари зошто СДС со години ја краде државата, а владата се задолжува за и понатаму да ја краде државата. Разликата е очевидна. Потребни се промени и на централно ниво, за Македонија да тргне кон подобро“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања