Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„СДС, Левица и ДУИ прво нека се договорат меѓу себе што сакаат од Изборниот законик, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за разговор“, вели Манасиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarysfj510grlgj1aB2Au6J

На денешната прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, ја повика СДСМ, Левица и ДУИ најнапред да усогласат заеднички став околу измените на Изборниот законик, по што, како што велат од партијата, се подготвени да разговараат за нивните предлози, доколку биде прифатен моделот за електронско или поштенско гласање на дијаспората.

— реклама —

Манасиевски оцени дека опозициските партии испраќаат спротивставени пораки во јавноста и немаат единствен пристап кон изборните реформи.

— реклама —

„СДСМ, Левица и ДУИ прво нека се договорат меѓу себе што сакаат од Изборниот законик, а ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати сè што ќе побараат, само дијаспората да гласа по електронски пат или по пошта“, изјави Манасиевски.

Тој додаде дека, според партијата, опозицијата треба да усогласи ставови за прашања како што се една изборна единица, моделот на финансирање, изборните приговори и начинот на гласање на иселениците.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се подготвени за разговори за сите прашања што се однесуваат на унапредување на политичкиот систем, реформите и европската интеграција на државата.

— реклама —

Според Манасиевски, Изборниот законик не треба да биде предмет на дневнополитички пресметки и порача дека партијата е подготвена веднаш да започне разговори доколку опозициските партии постигнат заеднички став.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library88us3ia4sfj3551qHrH

(Видео) Манасиевски: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library4v41q12taiqb6zc7UQx

(Видео) Манасиевски: Промените во Македонија започнаа со заминувањето на Заев, продолжија со Ковачевски и ќе завршат со заминување на Филипче

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryai51mq2hl15b0Wo5OY9

(Видео) „Прво паднаа Филипче и Заев, па потоа Вучиќ, а на приватни забави им пее истиот пејач“, вели Манасиевски

Македонија | пред 2 седмици

media-library6tlq4h51c3iraa3I2Nk

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања